среда, 17. јануари 2018. Вести денес: 71
home Вести

Напади во Дандок во Ирска, се испитува дали е тероризам

Напади во Дандок во Ирска, се испитува дали е тероризам

Во ирскиот град Дандок, јужно од границата со Северна Ирска, денеска на улица од зад грб бил нападнат јапонски државјанин, кој потоа починал на самото место, додека во други делови на градот повредени се најмалку две лица, кои биле нападнати со железна шипка, а полицијата соопшти дека можеби се работи за тероризам.

Полицијата соопшти дека е уапсен еден маж. Таа во моментов бара очевидци и испитува три локации во градот, собирајќи докази.