Вести

Најопасни градови за безбедноста на жените

Каиро е најопасната светска метропола за жени, додека Лондон е најбезбеден судејќи според најновото истражување на фондацијата Томсон Ројтерс ке има за цел да ја утврди безбедноста на жените во градовите кои имаат над 10 милиони жители.

Истражувањето опфати 19 метрополи и постави прашања за сигурноста на жените во нив.

Главниот град на Египет, Каиро помина најлошо во ова истражување, а за жените е поеднакво опасен и Карачи во Пакистан, Киншаса во Конго и Њу Делхи во Индија.

-Во Каиро се е тешко за жени. Во секој аспект тие се мачат. Дури и во обична прошетка тие се субјект на сексуално вознемирување, без разлика дали станува збор за вербално или физичко, вели Омаим Абу-Бакр, египетски новинар и активист за женските права.

Њу Делхи и Сао Паоло се најопасни кога станува збор за силување на жените, а Владите на двете земји моментно прават агресивни кампањи за заштита на жените.

-Дури по групното силување во Њу Делхи кое го шокираше светот, во овој град се бележи пораст на сексуалното насилство. Иако постојат мерки за одбрана на жените, тоа не е доволно, вели адвокатот Риши Кант од хуманитарната организација која ги поддржува жртвите од силувања.

-Силувателите знаат дека никој нема да ги фати. Затоа мораме да вршиме притисок на полицијата и судовите за тие на адекватен начин да ги казнуваат сексуалните престапници, рече тој.

Истражувањето покажало дека Лондон е најсигурен град за жените, а по него следат Токио и Париз.