Вести

Најмалку 21 жртва во пожарите во Северна Калифорнија

Најмалку 21 лице загина во шумските пожари што горат во Северна Калифорнија, соопшти американската служба за противпожарна заштита.

Три лица загинале во областа Мендосино, и едно во Јуба. Вчера беше потврдена смртта на 17 лица.

Во осум области горат преку 20 пожари во кои изгореа околу 69.000 хектари земја и уништени се 3.500 објекти.

Огнените стихии горат од неделата вечер кога силни ветрови урнаа далноводи кои се запалиле.