Вести

Над 50 убиени во напад на ИД врз две села во Сирија

Повеќе од 50 лица се убиени денеска во напад на џихадистите од Исламска држава врз два села под контрола на сириската Влада во провиницијата Хама, сооопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, чие седиште е во Велика Британија.

 

Според Центарот, во нападот врз селата Акареб и Ал-Мабуџех се убиени најмалку 15 цивили и 27 припадници на провладините сили.

Центарот наведува дека за уште 10 тела допрва треба да се утврди дали биле припадници на владните сили или се локални жители.

Во нападите врз двете села на истокот од провинцијата, што се случиле рано утринава, настрадале и 15 припадници на Исламска држава, додава Центарот.

Сириска државна агенција САНА јави дека во нападот врз селото Анкареб биле убиени 20 цивили, но не го споменува селото Ал-Мабуџех.

Според наводи на оваа агенција, повеќето убиени цивили биле обезглавени и масакрирани.

Центарот сооопшти дека Исламска држава ја презела контролата врз Акареб и врз еден дел од Ал-Мабуџех.

– И покрај доаѓањетго на засилување, владините сили засега не успеаја да го одбијат нападот, изјави директорот на Центарот Рами Абдел Рахман.

Меѓутоа, САНА од своја страна јави дека нападот на ИД бил одбиен.

Контролата врз Хама е поделена меѓу силите на сириската Влада, бунтовниците и Исламска држава, која е најприсутна во источните делови на провинцијата.