вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 2
home Вести

Нацијата во страв од суровиот сериски убиец: Девојче киднапирано, силувано, убиено и фрлено во депонија!

Нацијата во страв од суровиот сериски убиец: Девојче киднапирано, силувано, убиено и фрлено во депонија!

Најновото стравично убиство на девојче кое што било силувано, убиено, а потоа фрлено во депонија ја шокираше целата нација. Сега Пакистан живее во страв, затоа што од полицијата открија дека имало уште 12 речиси идентични слулаи.

8-годишно девојче било силувано и брутално убиено, а нејзиното тело фрлено во депонија со ѓубре – ова злосторство очекувано предизвика големо огорчување кај локалните жители кои што излегоа и на протести.

Полицијата го пронашла телото на депонијата во градот Касур во покраината Пунџаб во вторникот, една седмица подоцна откако девојчето било киднапирано, открил првиот човек на локалната полиција Зулфикар Ахмед. Според резултатите од обдукцијата, девојчето било силувано па задавено.

Само во Касур во текот на минатата година имало 12 слични случаи во кои што девојчињата биле киднапирани, силувани, а потоа брутално убиени, открива Ахмед.

„Сите случаи се слични. Се чини дека во позадина е пореметен сериски убиец“, рекол портпаролот на покраинската влада откривајќи ги сознанијата на властите од почетната истрага.

Касур во 2015-та година се најде во центарот на вниманието на целата светска јавност откако се појавија стотици видео снимки од злоставување на деца, а полицијата подоцна уапси неколку членови на мрежата кои што биле вклучени во продажбата на детска порнографија на интернет страниците.

Последниот инцидент повторно ја шокираше нацијата која што сега стравува дека наскоро ново дете може да биде жртва на серискиот убиец. Политички челници, активисти за човекови права, познати спортисти и уметници ја повикуваат владата да ги заштити децата и да ги казни сторителите. На интернет стотици илјади луѓе ја изразуваат својата огорченост и шок.

Деновиве стотици бесни демонстранти се обидоа да упаднат во канцелариите на локалните власти и полициските станици на подрачјето каде што се случи грозоморното убиство.