Вести

На родителите во Германија им е препорачано да ги уништат детските кукли „Кајла“

Агенцијата за надзор на телекомуникации во Германија издаде предупредување до родителите да ги уништат куклите „Кајла“ поради можност да биде хакирана, и со тоа да се случи и кражба на лични податоци.

Според нив, хакер може да искористи небезбеден блутут уред што се наоѓа во куклата и да прислушкува.

Производителот Џенесис тојс засега не соопшти ништо во врска со предупредувањето.

Куклата Кајла може да одговара на одредени прашања на корисникот кога е приклучена на интернет.