вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 2
home Вести

Му го земала далечинското додека гледал натпревар: Маж ја уби својата сопруга затоа што му го сменила каналот

Несреќната жена го променила каналот на кој имало фудбалски натпревар додека нејзиниот сопруг бил надвор и пушел цигара.
Му го земала далечинското додека гледал натпревар: Маж ја уби својата сопруга затоа што му го сменила каналот

Колку е опасно на мажите да им го менуваш каналот додека гледаат натпревар веќе подолго време е тема и инспирација на многу филмови и вицови, но овој пат се случила вистинска трагедија кога жена го направила баш тоа.

Во американскиот град Карлајл во Арканзас, човек ја убил својата сопруга со нож откако таа го променила телевизискиот канал.

Несреќната жена го променила каналот на кој имало фудбалски натпревар додека нејзиниот сопруг бил надвор и пушел цигара.

Во судскиот извештај стои дека 58 годишниот Тони Томас, го признал убиството над својата сопруга во тек на кавга околу телевизиски канал во ноември 2017 година и од тогаш е во затвор.

Како што објаснил тој, му паднал мрак на очи, а се освестил тек откако сфатил дека стои над жената и држи нож во раката.

Од канцеларијата на шерифот кажаа дека Томас повикал полиција кога сфатил што направил.