Вести

Меркел триумфално откри до кога планира да биде канцеларка

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека има намера полни четири години да биде канцеларка.

 

Таа ова го изјави откако нејзините конзервативци освоија најмногу гласови на изборите, иако поддршката ја доби и крајно десничарската партија Анлтернатива за Германијха.

-Мојата минатогодишна одлка(за кандидатура за полн мандат) не зависеше од процентите на гласовите кои ги добив, изјави Меркел.

Германската канцеларка изрази уверување дека гласачите сега го кажале своето и дека партиите би требало да го прифатат исходот од изборите и да пробаат да формираат нова Влада, избегнувајќи ги новите избори.

Според официјалните информации прелиминарните резултати, демохристијаните на Ангела Меркел на вчерашните парламентарни избори освоиле 33 проценти од гласовите, а ги следат социјалдемократите со 20,5 проценти.

На третото место се наоѓа АфД со 12,6 проценти од гласовите, а позади неа- Слободната демократска партија со 10, 7 проценти.

Левицата освоила 9,2 проценти, додека Зелените освоија 8,9 проценти.