Вести

Меј и Јункер се согласија да ги забрзаат преговорите за Брегзит

Британската премиерка Тереза ​​Меј и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер се согласија да ги забрзаат разговорите за Брегзит.

По работна вечера во Брисел, која траеше околу два часа, двајцата излегоа со заедничко соопштение во кое средбата ја оценуваат како „конструктивна и срдечна”.

Во текстот се вели дека тие разговарале за „напредокот на преговорите за член 50 (од Лисабонскиот договор) и се согласиле дека напорите треба да бидат забрзани во следните месеци”.