Вести

Матис: Сирија не го предаде целото хемиско оружје

Нема сомнеж дека режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад го прекрши договорот за предавање на целиот хемиски арсенал, со тоа што задржал дел од хемиското оружје, изјави американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис.

 

Image processed by CodeCarvings Piczard ### FREE Community Edition ### on 2017-04-21 09:56:32Z |  | ÿ

Тој, на заедничка прес-конференција со израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман во Тел Авив, посочи дека тоа е кршење на резолуциите на Советот за безбедност на Обединети нации и оти тоа прашање треба да се разгледува на дипломатско ниво.

Либерман одби да ги коментира наводите на израелското разузнавање дека Сирија се уште поседува од еден до три тони хемиско оружје.

– Израел располага со стопроцентна информација дека режимот на Асад употребил хемиско оружје против бунтовниците, истакна Либерман.

Матис наведе дека изминатите денови, по американските ракетни напади врз авиобазата во провинцијата Хомс на 7 април, сириската воена авијација ги распоредила авионите на различни локации.

Предвидено е при престојот во Израел, Матис да се сретне и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.