Вести

ЉУБОВНА ТРАГЕДИЈА: Полицаец уби три лица, па сам си пресуди

Полицаецот убил три лица на улица , а потоа се самоубил. Станувало збор за случај на семејно насилство .

Неговата девојка, како и нејзините мајка и сестра се повредени, додека убиени се таткото на девојката и двајца случајни минувачи .

Подоцна девојката рекла дека неодамна раскинала со 31- годишниот полицаец. Откако со службениот пиштол ги убил тројцата , пукал во главата на девојката, која седела во автомобил , како и во нејзината мајка и сестра, а потоа  се самоубил .

Градоначалникот на предградието Сарсел вели дека лично ги познавал луѓето, зашто настанот се случил во улицата каде што живеел .