среда, 25. април 2018. Вести денес: 58
home Вести

Крвави протести во Иран, најмалку 9 убиени

Крвави протести во Иран, најмалку 9 убиени

Девет лица се убиени за време на синоќешните протести во Иран, со што бројот на жртвите од неколкудневните демонстрации достигна 20.

Според иранските медиуми, шестмина демонстранти биле убиени при напад врз полициска станица во градот Кадариџан.

Инцидентот се случил кога демонстрантите се обиделе да украдат оружје од станицата.

Иран протести

Едно 11-годишно момче и маж на возраст од 20 години загинале во градот Хомејншахр, додека член Корпус на чуварите на Исламската револуција бил убиен во градот Наџафабад. Сите тројца биле застрелани со ловџиски пушки.

Како што преходно јави МИА, иранската полиција соопшти дека во вчерашните протести бил убиен еден полицаец, а тројца други биле повредени.

– Прекршителите на јавниот ред ја искористија ситуацијата во градот Наџафабад и пукаа во полициските сили со ловџиска пушка. Како резултат на тоа тројца полицаијци беа повредени, а еден е убиен, соопшти полицискиот претставник Саид Монтазер ал Махди.

Иран протести

Според локалните медиуми, синоќа во центарот на градот се појавила толпа од околу 100 демонстранти, која брзо била растурена од страна на силите за безбедност. Полицијата уапсила еден од организаторите на претестот.

Во меѓувреме, портпаролката на службата за надворешни работи на ЕУ, Кетрин Реј соопшти дека Унијата е во контакт со иранските власти и очекува да биде гарантирано правото на граѓаните на Иран на мирни демонстрации и слобода на говорот.

Иранскиот претседател Хасан Рохани завчера изјави дека протестите и критиките се уставни права на граѓаните, ако не предизвикуваат насилство.