Вести

Конфузија во Барселона: Полицијата го убила терористот кој го возеше комбето?

Маж за кој се сомнева дека го изврши терористичкиот напад во Барселона и за кого шпанската полиција трага неколку дена наназад е убиен во акција на безбедносните сили, пренесува новинската агенција Франс прес повикувајќи се на извор од полицијата.

Исто така, претходно од полицијата е соопштено дека во тек е акција во близина на Барселона.

Претходно некои каталонски медиуми јавуваа дека Јунес Абујакиб, кој е осомничен дека го возел комбето со кое е извршен терористичкиот напад е уапсен во Барселона на местото Сант Садурни де Ноја.