сабота, 22. септември 2018. Вести денес: 0
home Вести

Koja e Ахед Тамими? Девојката која удри израелски војник стана симбол на палестинскиот отпор! (ВИДЕО)

Koja e Ахед Тамими? Девојката која удри израелски војник стана симбол на палестинскиот отпор! (ВИДЕО)

Во Израел започна судењето на тинејџерката Ахед Тамими (17) која поради своите постапки стана симбол на палестинскиот отпор.

Тамими е уапсена во декември по снимка во која се гледа како удира израелски војници во своето село Наби Салех, на западниот брег.

Таа е обвинета за вкупно 12 прекршоци, вклучувајќи и напад на безбедносните сили и поттикнување на насилство. Ако биде осудена, и се заканува долгогодишна затворска казна. Судењето е затворено за јавноста бидејќи таа е малолетна.

Спорното видео е снимено на 15 декемвреи пред нејзината куќа, во контекст на палестинските простеси, кои тогаш биле секојдневни, против одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел. Тогаш Тамими имала 16 години, а ова е снимката за која е обвинета:

Додека за Палестина оваа девојка е симбол за храброст, Израел ја гледа како средство за пропаганда. Сепак многу хуманитарни организации повикуваат на нејино ослободување и укажуваат на голема дискриминација на палестинските деца.

Тие укажуваат како мејзиниот случај го истакнува проблемот со грубото постапување на израелските сили кон палестинските малолетници. Израелските одбранбени сили објавуваат дека во последните 3 години пред посебниот воен суд за малолетници се доведени 1.400 палестински малолетници.

Организацијата за човекови права, остро го осудува израелскиот систем бидејќи „нема основна механизација за заштита и не гарантира фер судење“.

Тамими доаѓа од палестинско семејство активисти и првпат го привлекла вниманието на јавноста кога имала 11 години и му се заканила на еден израелски војник дека ќе го удри.

Пред 2 години таа е снимена и како му ја гризе раката на еден војник кој го притворил нејзиниот брат под обвинение дека мавал со камења.