Вести

Јасинда Ардерн ќе биде најмлада премиерка на Нов Зеланд

Јасинда Ардерн ќе биде следниот премиер на Нов Зеланд откако помала политичка партија одлучи да коалицира со либуристите по изборите одржани пред речиси пред еден месец.

 

На 37-годишна возраст, Ардерн ќе биде најмладиот лидер на нацијата во повеќе од 150 години.

Претседателот на антиимигрантската и десничарска партија „Нов Зеланд на прво место“ Винстон Питерс соопшти дека неговата партија одлучила да влезе во коалиција со Лабуристичката партија на Ардерн. Либералната зелена партија ќе ја поддржи коалицијата, но нема да биде дел од владата.

Новозеланѓаните чекаат уште од 23 септември, кога се одржаа изборите, да дознаат кој ќе управува со земјата, бидејќи завршија без јасен победник.

Австралискиот премиер Малком Трнбол соопшти дека веќе и честитал на Ардерн и изрази надеж дека наскоро ќе имаат средба.