Вести

Избори за светски рекорд: Во Иран дури 1.636 кандидати за претседател

Некој можеби ќе биде изненаден што за претседателските избори во Иран, кои се закажани на 19 мај, се пријавиле дури 1.636 потенцијални кандидати. Меѓутоа треба да се земе во предвид дека тие треба да поминат специфична селекција, која ја спроведува Одборот на чувари на Уставот, тело сочинето од верските водичи.

 

Според одредбите на Уставот, секој кој е роден во Иран, верува во иранскиот политички систем има право да поднесе кандидатура, за која не е потребен никаков цензус. Последен одзив во така голем за пријави за претседателски кандидат се случил во 2005 година, кога околу 1.000 Иранци посакаа да се кандидираат за претседател на својата земја. Странските аналитиари веруваат дека бројот на потенцијални кандидати е поголем бидејќи е власта помалку конзервативна.

Сепак, уште сега може да се процени кои се главни фаворити. Актуелниот претседател Хасан Рохан, во неговиот мандат со големите сили е постигнат договор на иранската нуклеарна програма, тој  ќе се кандидира за уште еден мандат од 4 години.

Покрај него тука е и поранешниот претседател Махмуд Ахмадинеџад, кој во претседателската трка влезе и покрај советот на верскиот водич ајатолах Алија Хамнеи, затоа што неговата кандидатура би можела да ги отвори едвај залечените рани од поранешните поделби во иранското друштво, додека трет фаворит е Ебрахим Раиси.

Токму Раиси важи за фаворит кого го поддржуваат Хамнеи и останатите конзервативни верски водички. Раиси наводно е вмешан во масовни егзекуции на политички затвореници во 1988 година. Покрај нив како фаворит се споменува и братот на покојниот претседател Акбар Хашеми Рафсанџани, Мохамад, како и градоначалникот на Техеран Мохамад Багер Галибаф

Рохани е миленик на аналитичарите во моментов. Во прилог на тоа оди фактот дека секој ирански претседател од 1981 година бил реизбран на функцијаа. Меѓутоа, тоа не значи дека на Рохани ќе биле лесно, затоа што како што наведуваат аналитичарите, Иранците се уште не чувствуваат корист од нуклеарниот договор, со кој на Иран му се укинати санкциите, додека Иран за возврат го прекина збогатување на ураниум за воени цели. Сите проценки се дека економијата на претстојните избори ќе ја игра клучната улога.

Она што може уште повеќе да ја искомликува ситуацијата е најавата на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, дека САД ќе го преиспита нуклеарниот договор. Тоа би можело да доведе до радикализација на иранското бирачко тело.

Изборниот процес во Иран е строго одреден со закон. Со наредба на министерот за внатрешни работи од 11 април изборниот процес започна, до 13 април формирани е локалните изборни тела, до 15 април траеше пријавата за кандидати, помеѓу 16 и 27 април Одборот на чувари на уставот ќе одредуваат за подобноста на кандидатите, на 28 април започнува официјалната изборна кампања, која трае до 17 мај. Изборите ќе се одржат на 19 мај.