понеделник, 10. декември 2018. Вести денес: 63
home Вести

Исчезнатото момче пронајдено мртво во автомобилот на девојката на татко му

Телото на исчезнатото момче било пронајдено во багажникот на автомобилот што го возела девојката на татко му, велат службите.
Исчезнатото момче пронајдено мртво во автомобилот на девојката на татко му

Исчезнувањето на осумгодишниот Габриел Круз во јужната провинција Алмеира кон крајот на февруари, ја потресе јавноста во Шпанија.

Во потрагата по момчето се вклучија над 4.000 полицајци и волонтери.

Полицијата ја уапси девојката на таткото откако била сопрена со нејзиното возило.

-Утрово Граѓанската гарда ја запре партнерката на таткото на Габриел и во багажникот на автомобилот го најде мртвото тело на момчето, рече министерот за внатрешни работа Хуан Игнасио Зоидо.

Габриел последен пат бил виден на 27 февруари кога излегол од куќата на баба му во селото Лас Ортичуелас во општината Нихар. Требало да оди дома кај другар, но никогаш не се вратил.

Дел од светските медиуми пренесуваат дека момчето било задавено истиот ден кога било пријавено за исчезнато.

На 3 март, татко му Анхел Круз и неговата девојка која сега е во притвор, Ана Хулија Кезада, најдоа маичка со негова ДНК на 10 километри од Нихар.

Таткото на Габриел, Анхел Круз и неговата девојка

Шпанските медиуми објавија дека полицијата оттогаш почнала да ја следи Кезада.

Во петокот, таткото Анхел и мајката Патрисија Рамире рекоа дека „повеќе од кога било“ се надеваат дека ќе го најдат нивниот син.

Министерот Зоидо вчера на Твитер објави дека зборувал со родителите на момчето за да им каже дека „владата и сите Шпанци се во длабока тага и шок“.

Министерот исто така ја повика јавноста да ја почитува полициската истрага и да не шири лажни вести за случајот.