Вести

ИД ја презеде одговорноста за денешниот напад во Јемен

Командата на терористичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за денешниот бомбашки напад во јужниот јеменски град Аден, во близина на штабот на јеменските безбедносни сили.

Најмалку 10 лица загинаа кога  автомобил, со кој управувал бомбаш-самоубиец, се разнесе во близина на зграда на Министерството за внатрешни работи во централниот кварт Ал Мансур.

Меѓу жртвите има и полицајци и случајни минувачи. Според очевидци, по експлозијата  избувнал пожар.