петок, 23. февруари 2018. Вести денес: 80
home Вести

Хорор во Индија: Леопарди растргнаа до смрт три деца

Нападите од леопарди во Индија, земја во која живеат 1,3 милијарди луѓе, се случуваат десет пати годишно.
Хорор во Индија: Леопарди растргнаа до смрт три деца

Најмалку три деца починаа во серија напади на леопарди во рурални делови на Индија, соопштија експертите за заштита на животната средина.

Две деца се убиени во село во централна Индија во неделата, а нападот го извршил најверојатно истиот леопард, додека 14 годишно момче загина на северот на земјата, во близина на заштитениот природен резерват.

Нападите од леопарди во Индија, земја во која живеат 1,3 милијарди луѓе, се случуваат десет пати годишно.

Од организацијата за заштита на леопардите наведуваат дека луѓето живеат покрај овие животни, а мал процент од населението е нападното.

Координарот на програмата за заштита а тигрите на Светската фондација за природа, Пранав Чанчани рече дека приказната за луѓето и леопардите е во целост приказна за соживот.

Сиромашните слоеви на општеството кои живеат во импровизирани куќи без струја во блзина на шума или шеќерна трска, се најчесто мета на напади.

Во сојузната држава Утар Прадеш, леопардите убиле најмалку пет лица од почетокот на минатата година.