вторник, 21. август 2018. Вести денес: 95
home Вести

ХОРОР: Си го угушила бебето кога дознала дека свекорот ја силувал нејзината ќеркичка

-Откако го угушила детето побегнала од соба, а потоа се обидела да се самоубие, сечејќи ги вените на својата рака, пишува австрискиот портал „Хојте“.
ХОРОР: Си го угушила бебето кога дознала дека свекорот ја силувал нејзината ќеркичка

Жена (37) била во болница со осуммесечниот син во Виена кога го угушила соето дете со перница во болничката соба.

Жената наводно била психички скршена бидејќи свекорот и ја силувал ќерката која останала дома.

-Откако го угушила детето побегнала од соба, а потоа се обидела да се самоубие, сечејќи ги вените на својата рака, пишува австрискиот портал „Хојте“.

Неа ја пронашла медицинска сестра и и го спасила животот. Болничарот го открил безживотното тело на детето и го контактирал таткото.

Подоцна е констатирано дека бебето е убиено, а аутопсијата го потврдила гушењето. Според информации од полицијата, жената била психичи нестабилна, но на полицијата не и било познато. Сега е во притвор и затворена е во психијатриски одел.

Како што објавил “Kronen cajtung” сериозни обвинување се покренати и против дедото на малиот Теодор. Спрема наводи, дедото за време на божиќните празници сексуално ја злоупотребил четиригодишната сестра на Теодор и со тоа ја довел снаат во очаен чин.

Дедото е уапсен како силувач.