Вести

ХОРОР: Деца скокаат од запален хотел во очаен обид да се спасат (ВИДЕО)

Огромен пламен проголта хотел од 10 катови во рускиот град Ростов на Дон, во јужниот дел од земјата убивајќи најмалку две лица.

Сведоците видоа деца како скокаат од прозорците додека огнот ја обвиваше зградата.

-Пет деца, девојчиња, скокнаа од вториот кат, а некои момчиња ги фаќаа, рече еден сведок за РТ.

Пожарот кој изби во средата се прошири и на четири автомобили во близината.

-Спасителите во зградата најдоа две тела и станува збор за вработени во хотелот, јави агенцијата ТАСС.

Дури 400 луѓе, меѓу кои и 61 дете се евакуирани од хотелот.