сабота, 20. јануари 2018. Вести денес: 39
home Вести

Хидро авион со шестима патници падна во реката Хоксбери

Хидро авион со шестима патници падна во реката Хоксбери

Австралиските полицајци нуркачи бараат преживеани откако хидроавион со шест члена падна денеска во реката Хоксбери, северно од Сиднеј, соопшти полицијата.

Спасувачките бродови пристигнаа на местото на несреќата во заливот Ерусалим, 40 километри северно од најголемиот град на Австралија, каде што се забележани остатоци од авионот и истурено гориво на површината на водата.

Авионот е сопственост на фирмата „Сиднеј Сиплеинс“, чиј директор Аарон Шоу изјави за националната телевизија Еј Би Си дека на бродот имало еден пилот и петмина патници.

Австралиската агенција за транспортна безбедност соопшти дека започнува истрага за несреќата и повика доколку има сведоци да се јават пред властите за сведочење.

Водените летови од пристаништето во Сиднеј до егзотичните ресторани крај реката Хоксбери се популарни меѓу туристите и имаат 80-годишна традиција.