Вести

Германија од кибер тероризам ќе се брани со државни хакери

Германските власти планираат да дозволат легално хакирање на копјутерски мрежи и медиуми од страна на службите за безбедност, за да може земјата да се одбрани од кибер напади, јави дописникот на МИА од Берлин.

Според предлог амандман на законот со кој се регулира оваа материја. Владата планира да даде законска можност за постоење на т.н. „државни тројанци“, односно софтвер под контрола на државата, со кој може ефиканско да се уништат кибер противниците.

Со промената на законот владата сака да им даде поголема моќ на агенциите за безбедност, кои ќе можат да спречуваат повеќе типови криминал, преку упади во приватни телефони и компјутери.

На плановите на владата за зголемени ингеренции на службите се противи Федералниот уставен суд, кој веќе најави дека ваквите вонредни мерки можат да се користат само во екстремни случаи каде што се загрозени животите на граѓаните.