вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 2
home Вести

Германија нуди работни места и за Македонци – ова е списокот со професии кои веднаш се вработуваат

Германија нуди работни места и за Македонци – ова е списокот со професии кои веднаш се вработуваат

Меидицински сестри од најразлични профили, негуватели, електроинжениери и теничари, машински инжениери и техничари, информатичари, електричари, возачи на локомотиви. Германската Агенција за вработување ја објавил листата со дефицитарни професии за кои има слободни работни места во најсилната европска економија. Овој оглас е наменет за граѓани кои живеат надвор од Европската Унија, што значи дека Македонците ќе можат да конкурираат.

Просечната нето плата во Германија е 2000 евра, додека платата на медицинскиот персонал и негувателите се движи од 2000 до 2200 евра, во бруто износ.

Висококвалификуваниот кадар, инжениерите, имаат повеќе од двојно повисока плата.
За да се конкурира на работните места, потребно да се приложи доказ за стекнатото образование и да се испочитуваат правилата за стекнување право на престој во Германија.

„Постои шанса и за работниците кои не се од ЕУ да ги добијат работните места, бидејќи овие професии се многу барани во Германија, за нема доволно домашни кандидати“ – велат од германската Агенција за вработување во изјава што ја пренесе Вечерњи Лист.

На порталот на Европската мрежа на заводи за вработување, податоците покажуваат дека во Германија имало огласено 267.144 отворени работни места. Еве дел од струките во кои се бараат работници

– Технички асистент (мехатроника)

– Машински инженер (мехатроника)

– Инженер за мехатроника

– Електричар

– Роботичар

– Електроинсталатер

– Електричар за во градежништво

– Техничар за осветлување

– Техничар електрични системи

– Водовод

– Водоинсталатер

– Монатжер на громобрани

– Техничари за греење

– Техничари за системи за ладење

– Инженер за технологија за ладење

– Работниците без квалификации за водовод

– Возач

– Мониторинг на инфраструктурата во железницата

– Одржување на инфраструктурата во железницата

– Медицинска сестра по педијатрија

– Медицинска сестра на интензивна нега

– Сестрата во хирургијата

– Медицинска сестра во амбулантата

– анестезиолог

– Помошник анестезиолог

– Негуватели постари

– Специјалисти во клиниките за геријатрија

– Специјалисти во онкологија

– Специјалисти во ендоскопија

– Специјалисти во нефрологија

– Специјалисти во рехабилитација

– Хируршки техничар