Вести

Фрлена бомба во Берлин

Германската полиција соопштила дека девет луѓе се полесно повредени кога на еден настан организиран од курдската заедница била фрлена димна бомба.

Инцидентот се случил вчеравечер, на случување на кое се одбележувала одлуката на ирачкиот полуавтономен Курдски регион, следниот месец да одржи референдум за независност, пренесуваат западните медиуми.

Повредените се жалеле на отежанот дишење, а како што се наведува, полицијата не прецизирала кој стои зад инцидентот во Берлин, каде присуствувале околу 400 луѓе.

Турската влада остро се противи на таквото гласање и предупреди дека гласањето може да доведе до граѓанска војна.

Анкара има проблем и со своите Курди на југоистокот на Турција, кој исто така бара незавиност.