Вести

Франција и официјално ги прифати знамето, химната и валутата на ЕУ

Шефот на француската држава Емануел Макрон денеска испрати писмо до претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во кое го информираше дека Франција и официјално ќе ги признала знамето и химната на Европската унија, како и ставот дека еврото е валута на ЕУ.

По неуспехот на референдумот за Уставот на ЕУ во 2005 година, Франција не можеше официјално да ги прифати знамето и химната на ЕУ, иако тие се во широка употреба низ Франција. Екстремно левичарските и националистичките партии во француското Национално собрание неодамна побараа отстранување на знамето на ЕУ, на што Макрон одговори со дописот до Туск. Потегот на Макрон доаѓа пред состанокот на Европскиот совет во Брисел.

– Франција од денес се придружува на Декларација за признавање на знамето и химната на ЕУ, пишува во писмото на Макрон до Туск, кое францускиот претседател го потпишал со „Ману“.

Синото знаме со жолти ѕвезди и „Одата на радоста“ на Лудвиг ван Бетовен се официјалните симболи на ЕУ, додека еврото е прифатено во повеќето земји членки на ЕУ. Знамето е во употреба од 1955 година, а во 2007 година повеќето членки на ЕУ потпишаа Декларација со која го признаа како официјално знаме на ЕУ, но Франција тогаш не се придружи на документот.