вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 2
home Вести

Франција: Уапсени две лица кои подготвувале напад

Франција: Уапсени две лица кои подготвувале напад

Две лица кои подготвувале напад биле уапсени минатата недела во Франција, јавија француски медиуми повикувајќи се на судски извори.

Приведени се маж на возраст од 21 година и жена на 19 години, без каква и да е врска меѓу нив.

Мажот планирал да нападне војници, додека жената да изврши напад во провинција. Тие биле цврсто решени за акција и дури и ги потенцирале целите, но планот им бил осуетен, објави Фигаро.

Двете лица биле во контакти со членови на ИД во Ирак и во Сирија преку социјални мрежи. Мажот бил приведен близу Лион, а жената во околината на Париз.