Вести

Fox News: Албанија – број еден производител на марихуана во светот

Прашањето за дрогата во Албанија стана дел  во највлијателната информативна мрежа во Соединетите Американска Држава, „Fox News“, пренесуваат албанските медиуми.

 

Американскиот дипломат Адам Ерели, коментирајќи ја посетата на германската Канцеларка Ангела Мерикел на САД, се изјасни и дека прашањето за мигрантите ја дефокусира Европа и оти ова се користи од Русија за дестабилизација на регионот.

Според него, идеален момент е Албанија, која во последната година е претворена во број еден произведувач на марихуана во Европа, нешто што предизвикало – граѓаните да излезат на протести против актуелното лидерство на власт кое е поврзано со Русија.

Ерели кажува дека прашањето за мигрантите е многу значајна тема што ја допира стабилноста на Европа, но и дека директно ги допира САД.

Според него, изгледа како една голема стихија во начинот на кој Русија го употребува ова прашање за мигрантите за да ги минира односите на САД.

-Еден конкретен пример за ова е тоа што се случува во последната година. Албанија е претворена во главен производител на марихуана, извезувајќи огромни суми на пари во Европа, како и поврзаноста на лидерството со Русија, направило да се протестира во земјата веќе неколку недели.