Вести

ФОТО/ВИДЕО: 400 загинати, 600 се водат за исчезнати во страшните поплави во Сиера Леоне

Повеќе од 400 луѓе загинаа, а 600 се водат како исчезнати во поплавите во Сиера Леоне, соопшти денеска Црвениот крст.

– Денеска броиме повеќе од 400 загинати, изјави во Женева претседателот на здружението на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Елхаџ Ал Си.

Досега се пронајдени 409 безживотни тела, а населението и понатаму трага по исчезнатите и стравува од ново лизгање на земјиштето.

Властите ги предупредија луѓето да се евакуираат од планинскиот дел, каде се појави голема пукнатина.

Според метеоролозите и следните денови се очекува дожд.