Вести

ФОТО: Сите мислеа дека младата манекенка починала поради многу работа, а потоа стигнаа шокантни резултати од обдукцијата

Руската девојка која почина бидејќи „работела огромен број на прекувремени часови“ како модел во Кина, можеби сепак не умрела од премногу работа.

Според некои нови информации кои ги пренесуваат светските медиуми, се појави сомнение дека 14 годишната Влада Џуба можеби е отруена.

Нејзината ненадејна смрт беше на насловните страни на водечките  светски медиуми. Како причина за смртта се наведуваше исцрпеност, менингитис или септикемија, а покрената беше и расправа за прекумерно искористување на моделите во модната индустрија.

Но, сега во извештаите се наведува дека по обдукцијата на младата девојка, во нејзиното тело се пронајдени траги од биолошки отров.

-Изворот на токсичната супстанца е непознат, но јасно е дека не починала поради некои вообичаени инфекции, пишува Индепендент.

По налозите од аутопсијата, покрената е и официјална истрага од руските власти.

Тамошните медиуми веќе пишуваат дека истражителите веќе разговарале со нејзините родители, две руски модни агенции, а сега во процес е и соработка со кинеските власти, па истрага е покрената и во Кина.

Три модни агенции за кои работела младата девојка веќе негодуваат дека на било кој начин би биле одговорни за смртта на Џуба.

Веднаш откако почина, во јавноста се појавија и обвиненија дека нејзините кинески работодавачи не воделе доволно сметка за девојката, па не и обезбедиле здравствено осигирување.

Извештаите покажуваат дека нејзината дневна заработка била нешто повеќе од 7 евра. Во деновите пред нејзината смрт, таа често и се јавувала на нејзината мајка и се жалела на исцрпеност.