Вести

ФОТО: Овој човек продавал деца за секс, осуден е на 472 години затвор

Судот одлучи по 30 од 34 точки на обвинението за Американецот Брок Френклин и го осуди на неверојатни 472 години затвор.

Френклин со товари за трговија со деца за сексуални потреби. Тој е осуден и за поттикнување на детска проституција и за трговија со возрасни.

Од канцеларијата на обвинителството во Колорадо велат дека со ваквата пресуда, најдолга во историјата, се праќа силна порака дека нема толеранција за таков вид насилство.

Френклин организирал мрежа на криминалци кои со дрога и насилство принудувале малолетни девојчиња на проституција. Во бандата имало седум члена, од кои четворица веќе биле осудувани.

Во судскиот процес кој почна пред две години, беа сослушани и малолетни сведоци, кои потврдија дека под закана со оружје или друг вид насилство од бандата на Френклин биле принудувани да даваат сексуални услуги.