четврток, 22. февруари 2018. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Ова е највисокиот хотел на светот, блесна во Дубаи

Новиот светски рекордер по височина хотелот „Гевора“ всушност е кула во златна боја од 75 ката, со четири ресторани, базен, луксузен спа центар и гимнастичка сала.
ФОТО: Ова е највисокиот хотел на светот, блесна во Дубаи

Емиратот Дубаи е во константна потрага по рекорди. Оваа светската туристичка атракција од синоќа е побогата за највисокиот хотел на светот. Во Дубаи е отворен хотел висок 356 метри.

Хотелот „Гевора“ на големата авенија на Шеикот Зајед е за само еден метар повисок од досега највисокиот светски хотел кој исто така се наоѓа на истата авенија.

Претходниот рекордер, хотелот од синџирот „Мериот“ е висок 355 метри кој пак го собори рекордот на хотелот „Роуз рајхан“ од синџирот „Ротан“ висок „само “ 333 метри кој како и претходните два хотела се наоѓа во истиот кварт во Дубаи.

Новиот светски рекордер по височина хотелот „Гевора“ всушност е кула во златна боја од 75 ката, со четири ресторани, базен, луксузен спа центар и гимнастичка сала.

Во Дубаи се наоѓа и највисоката кула на светот, славната „Бурџ хаифа“ висока 838 метри. Богатата власт сега започна изградба и на нова чија височина се чува во тајност, поради конкуренцијата. Инаку Дубаи е главна туристичка атракција во Заливот, само во 2017 година го посетиле 15,8 милиони туристи.

Ова е дел од начинот на градбата.