Вести

ФОТО: Навални испрскан со зелена течност по лицето

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални доживеа незгода кога непознат маж го испрска со зелена течност по лицето во градот Барнаул во Сибир.

 

aleksej-navalni-zelena-boja1

– Денеска отворам канцеларија во Бернаул и ќе изгледам како од филмот „Маска“. Кул. Дури и забите ми се зелени, напиша Навални на Твитер, алудирајќи на јунакот од холивудскиот филм кој носи зелена маска.

aleksej-navalni-zelena-boja

Мажот го испрска Навални со познатиот руски антисептик со зелена боја, која останува на кожата со денови. Инцидентот се случи кога опозиционерот му пружи рака.

Навални патува низ Русија и отвора канцеларии во рамките на кампањата за претседателските избори 2018 година, иако со судска одлука му е забрането да се кандидира.