Вести

ФОТО: Кучето Фрида е херојот на Мексико

Фрида, кучето кое е дел од Единицата со кучиња при Мексиканската морнарица е новиот херој на државата по катастофалниот земјотрес во кој најмалку 245 луѓе ги загубија своите животи.

За време на потрагите, Фрида, инаку лабрадор, носи специјална опрема која и ги штити очите од чад, а воедно носи и специјални обувки кои и овозможуваат да копа на терен во урнатините.

Фрида веќе има спасено 52 животи, а при нејзиното последно учество во потрагата по преживеани по земјотресот од 7.1 степени, бројката на спасени само се зголемува.

Фрида е шестгодишно куче кое четири години е под тренинг програма. Веќе го доби својот прекар како „специјалист во потрага по изгубени“, учествувајќи во спасувачки мисии во Хондурас, Еквадор и Хаити.