Вести

ФОТО: Голем пожар во руски град – Зафатени 10.000 м2, евакуирани 650 лица

Голем пожар го зафати рускиот град Ростов на Дон, јави ТАСС.

 

Пожарот изби во приватен дом, а потоа зафати 25 куќи со вкупна површина од 10.000 квадратни метри.

Поради огнената стихија евакуирани се 650 лица од околните згради. Над 1.200 лица останаа без електрична енергија.

Во гаснењето на огнот учествуваа три хеликоптери, еден авион и над 2.000 пожарникари.

Гаснењето на огнот е отежнато поради силниот ветер.

Во пожарот се повредени 27 лица, од кои петмина се хоспитализирани.

Се уште не е наведена причината за пожарот.