Вести

ФОТО: Четворица загинати при судир на воз и автобус во Мисисипи

Четири лица загинаа, а 40 се повредени откако товарен воз во Мисисипи удри во автобус, веројатно заглавен на пругата, во кој се наоѓале туристи од Тексас.

nesreka

Седуммина од повредените се наоѓаат во критична состојба, а се уште не е утврдена точната причина за несреќата.

Портпаролот на управата на градот Билокси, Винсент Крил изјави дека возот налетал на автобусот на железничкиот премин и го туркал неколку стотици метри.

2nesreka