Вести

Европската агенција за лекови ќе се пресели во Амстердам, одлучи Советот на ЕУ

Советот на ЕУ денеска го назначи Амстердам за следно седиште на Европската агенција за лекови (ЕАЛ).

Гласањето се одвиваше во три круга. При првото гласање отпаднаа повеќето кандидати, а во вториот круг влегоа Милано, Амстердам и Копенхаген. Во третиот круг испадна Копенхаген, а Амстердам и Милано беа изедначени по што се одлучи се жрепка.

Вкупно 19 градови беа предложени за седиште на ЕАЛ и нејзините околу 900 вработени, задолжени за оценка и проверка на медицинските помагала. Меѓу нив беа Барселона, Братислава, Хелсинки, Букурешт.  Даблин, Брисел, Варшава и Виена беа кандидати за домаќини на ЕАЛ и за Европскиот банкарски орган (ЕБО).

Советот на ЕУ вечерва би требало да определи каде ќе ја преместат Банката. За ЕБО се пријавени осум градови, меѓу кои Франкфурт, Париз и Луксембург.

ЕБО и ЕАЛ досега се наоѓаа во Лондон. Нивното преместување се должи на одлуката на Велика Британија да ја напушти Унијата.