Вести

Евакуација во Унгарија: Гости од хотел зафатени од снежна виулица

Унгарската служба за заштита на населението од катастрофи денеска спаси околу 200 туристи, кои три денови биле блокирани во планински хотел од снежна виулица, што е невообичаена за оваа сезона.

 

snezno nevreme

Сите гости се надвор од животна опасност, тие го напуштија хотелот со нивните автомобили, откако беа организирани специјални конвои со цел да им помогнат, наведе локален претставник.

Снежната бура во средата ги блокирала гостите во хотелот „Галја“, што се наоѓа во планината Матра.

При драстичната промена на временските услови температурите во регионот се спуштиле под нулата.