Вести

Евакуација во метро во Истанбул- забележан осомничениот за нападот во ноќниот клуб „Реина“

Во станица на метрото во Истанбул дошло до евакуација на патниците заради добиен сигнал од полицијата дека во неа е забележан осомничениот за нападот од новогодишната ноќ во ноќниот клуб „Реина“, пренесе ТАСС, повикувајќи се на весникот „Јени шафак“.

istanbul-reina

Според весникот, станува збор за станицата на метрото во истанбулскиот кварт Багџалар. Полицијата ја пребарува станицата.

Во новогодишната ноќ, 1 јануари, непознат напаѓач отвори оган во ноќниот клуб „Реина“ во истанблускиот кварт Ортакој,  убивајќи 39 лица, вклучувајќи и 16 странци, а приближно 70 лица беа ранети.

Меѓу жртвите имаше државјани на Саудиска Арабија, Мароко, Јордан, Либан, Либија, Израел, како и една руска државјанка.

Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.

Весникот „ Дејли сабах“ на 7 јануари јави дека турската полиција го утврдила идентитетот на осомничениот. Според весникот, напаѓачот е Узбекот Абдулгадир Машарипов, познат исто така и како  Абу Мухамед Хорасани.