Вести

Евакуација поради експлозија во лондонското метро

Во лондонското метро дошло до помала експлозија, поради што една метро-станица била евакуирана, но засега нема информации дали има повредени.

Британската полиција соопшти дека засега не е познато дали експлозијата има врска со тероризам, а инцидентот се случи на станицата Тауер Хил.

Еден очевидец изјави дека патниците во стампедо ја напуштиле станицата.

– Станицата Тауер Хил е затворена по помала експлозија во торба. Патниците во паника побегнале и има повредени во стампедото, истакна очевидецот.

Според некои информации, експлодирал полнач за батерија.