вторник, 25. септември 2018. Вести денес: 136
home Вести

ЕУ: Иранскиот договор мора да опстои

Според договорот, Иран го забави развојот на својата нуклеарна програма во замена за ублажување на економските санкции.
ЕУ: Иранскиот договор мора да опстои

Клучниот договор од 2015 година, кој има за цел ограничување на нуклеарните амбиции на Иран, мора да опстои, наведуваат министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија, во време кога претседателот на САД, Доналд Трамп размислува дали да се повлече од него.

Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, денеска изјави дека нуклеарната спгпдба е „клучен договор што го прави светот побезбедно место”.

Тој ова го изјави на преговорите во Брисел меѓу министрите од Велика Британија, Франција и Германија и нивниот ирански колега Џавад Зариф.

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел изјави дека ЕУ сака да опстои договор, бидејќи тоа е во интерес на сите е да не се развива нуклеарно оружје во Иран.

Според договорот, Иран го забави развојот на својата нуклеарна програма во замена за ублажување на економските санкции.