Вести

Експлозија во фабрика близу Њујорк, повредени 13 лица

Тринаесет лица, меѓу кои и петмина пожарникари се повредени во две експлозии и пожар кои избувнаа во фабрика за козметички производи во долината на реката Хадсон, на околу 80 километри северно од Њујорк.

Според Џорџ Грин, претставник на властите во Њу Виндзор, првата експлозија се случила околу 10.30 по локално време (16.30 по централноевропско време) во фабриката Верла Интернешнл. Тој појасни дека пожарникарите кои први одговориле на повикот биле во фабриката, кога се случила втората експлозија.

Според првичните сознанија, никој од повредените не е во критична состојба.

Пожарот се уште не е во целост под контрола.