Вести

ЕК со 34 милиони евра казни пет добавувачи на автомобилска опрема

 Европската комисија денеска казни пет произведувачи на автомобилска опрема со вкупно 34 милиони евра за договарање цени за безбедносните ремени, воздушните перничиња и управувачите што ги испорачувале на јапонските производители на автомобили.

Добавувачите Токаи Рика, Таката, Автолив, Тојода Госеи и Марутака се казнети поради кршење на антикартелските прописи во Европската унија, се наведува во соопштението на ЕК.

Во соопштението, европските регулатори додаваат дека компаниите учествувале во еден или повеќе од вкупно четири картели за испорака на сигурносни појаси, воздушни перничиња и волани за автомобили на јапонските производители Тојота, Сузуки и Хонда во Европскиот економски регион.

Петте производители ги координирале цените, односно настапот на пазарот и разменувале  доверливи информации во периодот од 2004 до 2010 година, се вели во соопштението на Комисијата.