недела, 27. мај 2018. Вести денес: 79
home Вести

Египет погуби 15 мажи осудени за тероризам

Египет погуби 15 мажи осудени за тероризам

Петнаесет лица кои се прогласени за виновни за дела во врска со терористички напади врз полицајци и војници се погубени се бесење во вторникот во Египет, објавија полициски функционери.

Станува збор за најголемото колективно погубување во Египет од бесењето на шесте џихадисти во 2015 година.

Погубувањата се извршени во два затвора во коишто биле затворени мажите осудени на смрт на воените судови за нападите извршени на подрачјето на Синајскиот полуостров коешто последните две години е зафатено од исламистички бунт.

Нападот за кој се осудени е изведен на 15-ти август 2013 година, кога беше нападнат контролен пункт близу Ариш, во покраината Северен Синај, во кој беа убиени еден воен офицер и осум војници, потсетува интернет изданието на дневниот весник Al Ahram.

Егзекуциите се случија една седмица по нападот за кој одговорноста ја презема ултрарадикалната исламистичка групација Исламска држава врз воениот воздухопловен аеродром во Северен Синај во текот на посетата на министрите за одбрана Седкии Соби и за внатрешни работи, Магди Б’дел Хафар.