четврток, 20. септември 2018. Вести денес: 46
home Вести

Докторите шокирани: Тоа што го пронашле во крвта на бегалецот од Северна Кореја докажува дека Ким подготвува хорор сценарио…

Докторите шокирани: Тоа што го пронашле во крвта на бегалецот од Северна Кореја докажува дека Ким подготвува хорор сценарио…

Стандардните лекарски прегледи на побегнатиот војник кој кон крајот на минатата година успеа да побегне од Северна во Јужна Кореја, ги потврдија стравувањата на воените аналитичари кои стравуваа од тоа дека Ким развива биолошко оружје.

Имено, докторите во крвта на побегнатиот севернокорејски војник пронашле антитела на антракс. Тоа откритие докажува дека војникот бил во контакт со оваа смртоносна бактерија, што ги потврдува сомнежите дека Северна Кореја работи на развој на биолошко оружје.

„Антитела на антракс беа пронајдени во телото на војникот кој што побегна во текот на 2017-та година, а тоа е доказ дека Северна Кореја навистина поседува опасни количини на таа бактерија“, потврди висок јужнокорејски функционер кој што проговори за тамошните медиуми под услов да остане анонимен.

Идентитетот на војникот не е откриен, а се уште на докторите не им е познато на кој начин неговиот организам ги развил антителата. Според нив, можни се две сценарија – или војникот бил изложен на антракс, или бил вакциниран против него.

Сепак, во двата случаи сигурно е дека развил имунитет на оваа опасна болест пред да успее да побегне од Северна Кореја, пренесуваат јужнокорејските медиуми.

Оваа вест предизвика паника во Сеул но и во поширокиот регион, пред се во пограничните делови на Кина и секако Јапонија, со оглед на тоа што антраксот убива околу 80% од изложените на опасната бактерија во рок од 24 часа доколку не се реагира итно со антибиотици или пак лицето не е вакцинирано.

Неодамна, од центарот за наука и меѓународни студии при Универзитетот Харвард соопштија дека Ким Јонг Ун поседува најмалку 13 типови на биолошко оружје што Северна Кореја ја прави третата најголема сила во светот на тоа поле.

„Кога неколку килограми антракс би ги фрлиле во густо населено место, би убиле 50% од популацијата“, стои во извештајот на Центарот за наука и меѓународни студии при Харвард.

Исто така, јапонските медиуми неодамна објавија дека од сигурни извори дознале дека Пјонгјанг веќе има огромни количини на антракс кои што планира да ги постави на балистичките ракети. Наводно севернокорејските инжинери тестираат дали отровот може да ги издржи високите температури кои што се појавуваат додека ракетата се враќа во земјината атмосфера.

Овие тврдења секако, неодамна експресно беа отфрлени од официјален Пјонгјанг. Севернокорејските власти порачаа дека нивната земја не произведува и нема залихи на биолошко оружје.