Вести

Додека Ердоган зборуваше падна дрон: И дроновите понекогаш паѓаат

Дрон со камера се сруши додека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган држаше говор пред на церемонијата пред турскиот парламент по повод годишнината од неупешниот обид за преврат.

Во инцидентот седум луѓе се повредени и префрлени во болница, пренесува турската новинска агенција Доган.

Откако беспилотното летало се сруши, Ердоган го прекина говорот за да се увери дали здравствените работници им пружаат помош на повредените.

-Па, дроновите понекогаш можат да паднат, накратко истакна турскиот претседател.