Вести

Девет деца повредени при сообраќајна несреќа во Романија

Најмалку девет деца се повредени денеска во југозападниот дел на Романија, кога минибус што превезувал ученици излетал од патот и се првертил во еден јаз, јави Аџерпрес.

soobrakajka

Засега нема инфромации за здравствената состојба на повредените деца, кои се пренесени во болница.

Во моментот на несреќата во минибусот се наоѓале 18 деца и 61-годишен возач.

Возачот на полицијата и изјавил дека „задремал поради премореност“, поради што возилото излетало од патот.

Нерсеќата се случила утрово на локален пат меѓу местата Дева и Хунедоара.