Вести

Децата вриштат, родителите се тепаат на трибини- неколку лица во болница! (ВИДЕО)

Неколку лица завршиле на болница по општата тепачка, која се случила на трибините на стадион во Мајорка, за време на натпреварот на детските екипи на Колеренсе и Аларо.

tepacka-tribini

Конфликтот започнал на теренот меѓу двајца играчи од категоријата меѓу 12 и 13 години, по што родителите на младите спортисти започнале физичка пресметка на трибините, пренесува весникот „Дијарио де Мајорка“.

Во тепачката се вклучиле уште неколку лица, а потоа немилите сцени се преселиле и на теренот. Мировници меѓу двете закрававени страни биле сопругите и мајките на фудбалерите, а мечот бил прекинат.

Колкава била жестокоста на судирот, сведочи и податокот дека неколку лица завршиле во болница со повреди.