недела, 19. август 2018. Вести денес: 0
home Вести

Денеска ќе се одлучува дали ќе биде повлечен налогот за апсење на Асанж

Денеска ќе се одлучува дали ќе биде повлечен налогот за апсење на Асанж

Британски суд денеска попладне треба да одлучи дали таа држава ќе го повлече налогот за апсење на основачот на Викиликс Џулијан Асанж.

Со тоа ќе биде отстранета значајна правна пречка за негово напуштање на Амбасадата на Еквадор во Лондон.

Доколку судијата пресуди во корист на Асанж, тој ќе може да излезе од Амбасадата првпат по пет години, но и ќе може да остане во Амбасадата со оглед дека и понатаму постои обвинување во САД поради објавување доверливи американски документи. Асанж ќе може да замине за Еквадор каде му е понудено државјанство и азил.

Доколку судијата не пресуди во корист на Асанж налогот за апсење ќе биде и понатаму во сила.