Вести

Багдад го критикува Тилерсон дека се меша во внатрешните работи на Ирак

Премиерот на Ирак, Хајдер ал Абади изрази изненаденост од коментарот на државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон во врска со шиитските милиции во Ирак „Ал Хашд аш Шааби“ (Народна мобилизација) кои се поддржани од Иран.

 

– Ниту една земја нема право да се меша во ирачките работи, се вели во пишаната изјава објавена денеска.

Тилерсон вчера во Саудиска Арабија рече дека е време милиците поддржани од Техеран и нивните ирански советници, кои помагале во борбите против Исламска држава, да го напуштат Ирак и „да си заминат дома“.

Неколку часа откако Тилерсон ги повика властите во Багдад и Ријад да ги здружат силите против зголемените амбиции на Иран, Абад и влијателниот ирачки шиитски свештеник Муктада Садр пристигнаа во посета на главниот град на Јордан, Аман. Садр, кој во минатото повикуваше на распуштање на шиитските милиции во Ирак, синоќа се сретнал со јорданскиот принц Гази, кој е братучед на кралот Абдула Втори, кој пак синоќа разговарал со Абад.